5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗидан го убедува Погба да тргне по неговите стапки

Зидан го убедува Погба да тргне по неговите стапки

zidan pogba

Помошник тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се обиде да ја убеди младата француска ѕвезда на Јувентус, Пол Погба со предлог да стане дел од „кралевите“.

Покрај тоа, Зидан разговарал на оваа тема и со тренерот Антонио Конте, со кого беа соиграчи во Јувентус, пред тој да го направи рекордниот трансфер во Мадрид.

Во Торино не се подготвени да се разделат со Погба, но евентуална понуда од 70 милиони евра, сумата која се шпекулира за евентуалниот трансфер, може да го поколеба раководството на „старата дама“.

Во исто време генералниот директор на Јуве, Џузепе (Бепе) Марота објави дека веста на „Франс фудбал“ е измислица.

„Не верувам дека имало таков разговор или пак сличен сериозен интерес од страна на Реал. Дали би ги сменил Бејл за Погба? И двајцата се одлични играчи, но Пол е млад и постојано станува се подобар. Среќни сме што е кај нас“, рече Марота.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП