28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталијанска битка за Саломон Калу

Италијанска битка за Саломон Калу

salomon kalu 3

Поранешната ѕвезда на Челзи Саломон Калу може да заигра во Серија А од следната сезона. Два италијански гиганти се борат за неговиот потпис, пишуваат во Франција. Напаѓачот во моментов е во сопственост на францускиот Лил.

Рома и Милан сепак се во сериозна „битка“ за него и ќе се обидат да го привлечат во текот на летото.

Неговиот сегашен клуб е во сериозна финансиска криза и дури најсигурното учество во Лигата на Шампионите за следната година не е доволно да се покријат сериозните обврски.

Од Калу во Лил се надеваат да земат барем 4 милиони евра. А оваа сума не е проблем за двата италијански клуба, дури може да се дојде и до повисока понуда.

Напаѓачот има постигнато 27 погодоци во 63 натпревари во кариерата во Франција. Во Рома го сакаат за заменик на капитенот Франческо Тоти, додека во Милан веруваат дека може со него да го надополнат заминувањето на Адел Таарабт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП