17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија со нов договор ќе се обиде да го задржи Ројс

Борусија со нов договор ќе се обиде да го задржи Ројс

marco rojce3

Борусија Дортмунд планира да ја задржи една од ѕвездите, Марко Ројс, кој е посакуван од англискиот гигант Манчестер Јунајтед. Раководството на „жолто-црните“ ќе му предложи нов договор на 24-годишниот играч, за да не им се случи истото како Марио Гетце, кој премина во Баерн во текот на минатото лето, соопштува „Билд“.

Актуелниот договор на Ројс е до летото 2017-та година, а според него тој добива по 5 милиони евра по сезона. Од клубот ќе му понудат на фудбалерот зголемување на плататa до 7 милиони евра со услов дека во новиот договор ќе биде отстранета откупната клаузула, која му овозможува на Ројс да го напушти клубот во текот на летото 2015-та година за сума од 35 милиони евра. Таквата клаузула се искористи за Гетце во минатото лето да замине во Минхен за 37 милиони евра.

Новиот договор, кој ќе му биде предложен на Ројс, исто така ќе биде до летото 2017-та година. Останува да се види дали германскиот репрезентативец ќе ја прифати новата понуда од својот сегашен клуб или можеби ќе се одлучи да ја промени средината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП