2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen чекор поблиску до стартување на евтин автомобилски бренд

Volkswagen чекор поблиску до стартување на евтин автомобилски бренд

volkswagen kina

Според најновите вести, групацијата „Volkswagen“ ги поставила основите за дизајн на нова нискобуџетна автомобилска марка кои ќе се спротивстави на конкуренцијата на пазарите во развој.

Во почетокот на март магазинот „Autocar“ пишуваше за тоа дека во „Volkswagen“ имаат потешкотии околу стартувањето на евтин автомобилски бренд кој групацијата го планира веќе неколку години.

Имено, „Volkswagen“ се соочува со предизвикот како да ја намали производната цена на идните евтини автомобили, а во истовреме да го задржи неопходното ниво на квалитет и безбедност на возилата, па поради тоа целиот проект беше доведен под знак прашалник.

Изгледа дека германската компанија успеала да го надмине тој проблем. Како што пренесоа одредени медиуми, повикувајќи се на изјавата на проект менаџерот на евтиниот „Volkswagen“ бренд, Ханс Демант, утврден е концептот за производство и дизајнирање на идните нискобуџетни автомобили.

„Сите компоненти за евтините автомобили ќе се произведуваат во Кина, која воедно ќе биде и најголемиот пазар за овој вид на возила“, вели Демант.

Според претходните најави, цената на евтиниот модел би требало да се движи меѓу 6.000 и 8.000 евра. Освен во Кина, овие автомобили ќе се продаваат и на пазартите во Индија и југоисточна Азија, каде побарувачката за евтини модели е многу голема, а „Volkswagen“ се уште не е присутен во доволна мера.

„Volkswagen“ има во план до 2018-та да стане водечки светски производител на автомобили, а аналитичарите не веруваат дека оваа цел може да ја остварат без успешена нискобуџетна марка, која германската групација моментално ја нема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП