Фудбалерот на Баерн Минхен, Хави Мартинез влезе во трансфер плановите на Барселона, соопштува „Мундо Депортиво“.
Според информациите Мартинез е една од приоритетните цели на каталонскиот клуб.
25-годишниот фудбалер премина во Баерн Минхен од Атлетик Билбао во летото 2012-та година.
Барселона ќе треба доста сериозно да го одврзе ќесето, ако сака да го привлече Мартинез. Каталонците ќе мора да платат помеѓу 30 и 40 милиони евра, за да земат шпанскиот репрезентативец во своите редови.
Раководството на тимот од „Ноу Камп“ планира да се раздели со некои играчи од основниот состав и со нив да соберат доволно финансиски средства за да купат нови играчи во летниот преоден рок.