27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan разви боја која ја одбива нечистотијата (фото+видео)

Nissan разви боја која ја одбива нечистотијата (фото+видео)

nissan boja

Миењето на автомобили обично не е толку забавно како што е претставено во филмовите, а покрај тоа може да чини многу пари, нормално доколку сакате вашето возило да изгледа чисто. Затоа „Nisѕan“ започна со тестирање на нова боја која ја одбива калта, дождот и секојдневната прашина, па возачите еднаш за секогаш би можеле да се збогуваат со миењето на својот автомобил.

Специјално развиената боја, која ја одбива водата и маслото е нанесена на новиот „Nissan Note“ со цел да се демонстрира нејзината моќ во однос на класичната боја.

nissan boja1

Со цел што подетално да се развие за секојдневната употреба на овој производ, инженерите на „Nisѕan“ во наредните неколку месеци ќе вршат тестови во различни услови.

„Nisѕan“ е првиот во светот кој ја примени технологијата „Ultra-Ever Dry®“ која прави заштитен слој на воздух меѓу бојата и околината и ја спречува водата и нечистотијата да оставаат траги на каросеријата.

nissan boja2

Ова не е првата ваква технологија на „Note“, затоа што на задната камера за паркирање се наоѓа функцијата „wash and blow dry“ која користи компресиран воздух за чистење на објективот.

Технологијата досега добро се покажа на тестирањата, но „Nisѕan“ е подготвен за подолг период на тестирања пред да се одлучи да ја примени во сериските модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП