27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс нема долго да биде без работа!?

Мојс нема долго да биде без работа!?

Aston Villa v Manchester United - Premier League

Дејвид Мојс е опција за нов тренер на англискиот клуб Њукасл или бундеслигашот Баер Леверкузен, соопштуваат медиумите во Англија.

Пред два дена Шкотланѓанецот беше отпуштен од менаџерскиот пост во Манчестер Јунајтед, по само десет неуспешни месеци на чело на англискиот шампион. Во својата кариера како тренер 51-годишниот стратег бил на чело на Евертон и Престон Норт Енд.

Името на поранешниот тренер на „ѓаволите“ исто така се поврзува како опција и за нов менаџер на англиските екипи Тотенхем и Саутемптон.

Роберто Мартинез, наследникот на Дејвид Мојс во Евертон, предвидува дека Шкотланѓанецот нема долго време да биде без работа и новата сезона ќе ја започне во друг клуб.

До крајот на шампионатот Манчестер Јунајтед ќе биде воден од Рајан Гигс, а негови помошници ќе бидат Пол Сколс, Фил Невил и Ники Бат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП