6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat Ibiza го слави својот 30-ти роденден (видео)

Seat Ibiza го слави својот 30-ти роденден (видео)

seat-ibiza gen

„Ibiza“ e најуспешниот модел на шпанскиот производител „Seat“, a овој автомобил оваа година го слави својот 30-ти роденден. Тој пред пошироката јавност беше претставен на саемот во Париз во 1984-та година, а тоа беше и првиот автомобил кој „Seat“ го произведе како независна компанија. Низ четири генерации, моделот „Ibiza“ е продаден во скоро 5 милиони примероци.

Првата генерација (1984-1993) е изработена на платформата на моделот „Seat Ronda“, а на овој модел соработуваа со познати компании, како „Italdesign“, компанијата за индустријализација „Karmann“ и „Porsche“ за технологијата применета на моторите. Се нудеа бензински мотори (од 44 дo 100 KS), како и дизел агрегати со 55 KS. На другите пазар во 1990-та година беа продадени дури 119.000 примероци на „Ibiza“. Верзијата со пет врати беше претставена во 1986-та година, а во 1991-ва година беше редизајниран предниот дел. Од оваа генерација беа продадени 1.308.461 единици.

Втората генерација (1993-2002) e првото возило кое беше произведено во новата фабрика во Марторел, a aвтомобилот доживеа големи промени во дизајнот. Стана и првиот модел во својот сегмент со „TDI“ (90 KS) мотор, а од 1996-та „Ibiza“ доби и „TDI“ агрегат од 110 KS. Таа година беше претставена и верзијата „CUPRA“ со 2.0 литарски мотор со 150 KS. „Ibizа“ ја редизајнираа во 1999-та година, а оваа генерација беше продадена во 1.522.607 примероци.

Третата генерација (2002-2008) е претставена во 2001-ва година, а за нејзиниот дизајн беше задолжен Валтер да Силва. Овој модел на „Ibiza“ беше освежен во 2006-та година, а главните подобрувања беа во внатрешноста, како и новите браници. 1.221.200 автомобили беа продадени од оваа генерација на „Ibiza“.

Актуелната генерација пристигна во 2008-та година со агресивен дизајн, а на неа голем нагласок беше ставен и на подобар квалитет. „Euro NCAP“ тестовите на „Ibizа“ и дадоа 5 ѕвезди за заштита на патниците, 4 ѕвезди за безбедност на децата и 3 ѕвезди за заштита на пешаците. Ова возило беше редизајнирано во 2012-та година, но засега немаме податоци во колку примероци е продадена оваа генерација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП