19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДавид Луис повторно на „мета“ на Барса

Давид Луис повторно на „мета“ на Барса

david luis barsa

Откако ФИФА го одложи ветото за трансферни на Барселона, каталонскиот гигант повторно почна да крои планови за следната сезона. Тимот од „Камп Ноу“ има намера да направи нов обид да го привлече фудбалерот на Челзи, Давид Луис, кон кого имаат симпатии веќе подолго време.

Таквите информации се шират во шпанските медиуми, а не беше пропуштено потсетувањето дека уште минатото лето Барса се обиде да се здобие со услугите на Бразилецот, но тогаш побараната цена од „сините“ – 40 милиони евра, беше одбиена од страна на каталонците.

Сега неименувани извори откриваат дека Барса со нови сили ќе го повтори обидот за клупување на Луис, но и сите во клубот имаат надеж дека овој пат ќе успеат.

Покрај тоа, се тврди дека Барселона има интерес и кон еден од најдобрите играчи на Јувентус, Чилеанецот Артуро Видал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП