18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи и Интер ја започнаа офанзивата за Вермален

Наполи и Интер ја започнаа офанзивата за Вермален

tomas vermalen

Иднината на Томас Вермален изгледа се далеку од Лондон, откако Наполи и Интер ја започнаа офанзивата за негово привлекување од Арсенал.

Пред две сезони белгискиот репрезентативец беше меѓу стартерите и капитен на „топџиите“, но постепено ја загуби довербата на Арсен Венгер, кој сега го користи првенствено како резерва. Во моментов првотимското дуо во центарот на одбраната ги вкчучува Пер Мертезакер и Лоран Кошчиелни, додека Вермален треба да се помири со споредната улога.

„Не очекува Светското првенство, каде Вермален повторно ќе го покаже најдоброто од себе. А потоа ќе разговараме неговата иднина“, прокоментира агентот на фудбалерот Алекс Крос.

„Да, Наполи ја следи ситуацијата и веќе ги направи првите чекори, но исто како нив и други клубови го покажаа својот интерес. Не зборувам само за италијански тимови. Не може да се каже дека играчот е поблиску до трансфер во Наполи“, дополни менаџерот.

Според медиумите на Апенините агентот на Вермален веќе имал разговор и со тренерот на Интер, Валтер Мадзари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП