11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо две децении Porsche го враќа четирицилиндарскиот мотор

По две децении Porsche го враќа четирицилиндарскиот мотор

cetiri cilindri

„Porsche“ претстави нова основна верзија на моделот „Macan“ која е придвижувана од четирицилиндарски бензински мотор. Тоа е прв пат по 1995-та година кога еден модел на „Porsche“ беше опремен со мотор со четири цилиндри.

Германскиот производите при промовирањето на новиот „SUV“ модел „Macan“, на крајот на 2013-та, најави дека овој автомобил покрај „V6“ бензинските и дизел единици во понудата ќе има и агрегат со турбо полнење и со четири цилиндри.

cetiri cilindri1

Шест месеци подоцна, претставен е моделот со 2.0-литарски четирицилиндарски мотор кој произведува 241 ks (177 kW) и располага со 350 Nm максимален вртежен момент.

„Porsche Macan“ опремен со новиот мотор е во состојба од место до „стотка“ да стигне за 6.9 секунди, а според фабричките податоци просечната комбинирана потрошувачка изнесува 7,5 l/100 km.

Новиот модел визуелно се разликува од „Macan S“ и „Macan Turbo“ по тоа што наместо четири има две издувни цевки. Автомобилот стандардно е опремен со 18-инчни алуминиумски бандажи, а како опција меѓу останатото е понуден и панорамски стаклен покрив и систем за активна суспензија.

cetiri cilindri2

Последниот модел на „Porsche“ кој за погон користеше мотор со четирицилиндри беше моделот „968“ и тоа пред скоро две децении.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП