3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ Анчелоти во опција за менаџер на „ѓаволите“

И Анчелоти во опција за менаџер на „ѓаволите“

Carlo-Ancelotti_288

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти исто така е опција за нов менаџер на Манчестер Јунајтед, тврди „Дејли Меил“.

Според изданието, од Јунајтед ќе разгледуваат можноста да го привлечат Италијанецот, чие место на „Сантијаго Бернабеу“ не е многу „бетонирано“. Од англискиот гигант сметаат дека би имале одлична можност да доведат искусниот стратег, ако Реал отпадне од Баерн во Лигата на Шампионите.

Инаку според сите медиуми во Англија, фаворит за функцијата е Луис ван Гал. Се смета дека пред 11 или 12 дена, Холанѓанецот имал средба во Швајцарија со раководни лица на Јунајтед.

Засега надвор од опциите се Пеп Гвардиола и Јирген Клоп, кои категорично не сакаат да ги напуштаат своите сегашни тимови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП