4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen најави SUV базиран на моделот Peugeot 2008

Citroen најави SUV базиран на моделот Peugeot 2008

cx r

Меѓу бројните премиери на саемот во Пекинг е и концептот „Citroen C-XR“. Станува збор за мало „SUV“ возило чија продукциска верзија ќе пристигне во продажните салони во 2015-та година.

„Peugeot“ и „Citroen“ и досега произведуваа скоро идентични модели кои припаѓаат во ист автомобилски сегмент, а најновиот пример за такви возила се „Peugeot 108“ и „Citroen C1“, кои беа претставени на женевскиот саем. Иако официјално има ознака на концептен автомобил, „Сitroen C-XR“ е речиси подготвен за производство со оглед дека доста компоненти се превземени од моделот „Peugeot 2008“.

Возилото е долго 4,26 m, широко 1,79 m, a високо 1.56 m. Meѓуосовинското растојание изнесува 2,65 метри и спаѓа меѓу највисоките во својот сегмент.

Тоа е многу значајно затоа што оваа класа на кросовери има помал простор за нозете на патниците кои седат позади.

cx r1

За погонот на концептот „C-XR“ е употребен 1.6-литарски бензински „THP 160“ мотор, опремен со старт-стоп технологија која дополнително ја намалува потрошувачката на гориво при возење во град. Моќта се пренесува на предните тркала со помош на автоматски менувач.

Автомобилот заеднички го развија „Citroen“ и кинескиот партнер „Dongfeng Motor Group“, а се очекува сериската верзија да пристигне на пазарот во Кина во 2015-та година.

Францускиот произодител засега не соопшти дали и кога овој кросовер ќе им се понуди на купувачите во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП