3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвропските гиганти во „битка“ за Гарсија

Европските гиганти во „битка“ за Гарсија

garcia_csudic

Тренерот на Рома, Руди Гарсија следната сезона може да го преземе шпанскиот гигант Барселона, тврди римскиот весник „Ил Месаџеро“. Раководители на Барселона веќе се сретнале со агентот на тренерот Гарсија – Паскал Бојс, тврди весникот.

Според голем број шпански медиуми, Аргентинецот Херардо Мартино ќе ја напушти функцијата тренер на Барселона по завршувањето на оваа сезона, иако има договор со клубот.

Барселона отпадна во четвртфиналето на Лигата на шампионите, загуби од Реал Мадрид со 1:2 во финалето за Купот на кралот на Шпанија и им мали шанси да ја одбрани титулата во шпанското првенство.

Рома пак е на второ место во генералниот пласман во италијанското првенство и со гарантирано учество во групите на Лигата на Шампионите за следната сезона, што по шестото место во претходната сезона е голем чекор напред за „волците“.

Во исто време, друго италијанско издание – „Газета дело спорт“, објави дека интерес за 50-годишниот француски стратег има од страна на Арсенал и ПСЖ.

Гарсија сепак се чувствува добро во „Вечниот град“ и тешко е да се поверува дека ќе си замине од „Олимпико“ по само една, а притоа толку успешна сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП