20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕшли Кол се сели во Мадрид!?

Ешли Кол се сели во Мадрид!?

esli kol

Левиот дефанзивец на Челси, Ешли Кол е на чекор од трансфер во шпанскиот гигант Реал Мадрид. Веста ја објави изданието „Ел Конфиденсиал“.

Тоа тврди дека „кралевите“ се договориле со англичанецот за двегодишен договор и тој ќе биде потпишан по завршувањето на оваа сезона. Според информациите платата на дефанзивецот ќе биде 3,5 милиони евра годишно.

На „Стемфорд Бриџ“ таков договор не планираат да му понудат на Англичанецот, бидејќи тој има 33 години. Во моментов Кол добива по 200 илјади фунти неделно кај „сините“.

Во Мадрид тој ќе зема помала плата од претходно, но бил искушуван од можноста да игра во таков тим од следната сезона.

Англискиот репрезентативец во моментов не се вклопува во плановите на Жозе Мурињо и сака да оди некаде каде повеќе ќе има шанса за настап. Тој такво ветување добил од тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

Шпанците најверојатно сакаат да го продадат Фабио Коентрао, а Кол и Марсело да се борат за стартното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП