10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes претстави свој прв купе кросовер (фото)

Mercedes претстави свој прв купе кросовер (фото)

kupe krosover mece

Исто како „Audi“ и „Mercedes“ одлучи да го нападне „BMW“ во сегментот на спортски кросовер возила. Во Пекинг премиера имаше „Concept Coupe SUV“ чија идна продукциска верзија ќе треба да се спротивстави на „BMW X6“.

„Mercedes Concept Coupe SUV“ е долг 4.935 mm, широк 2.044 mm, a висок 1.750 mm. Автомобилот е поставен на 22-инчни алуминиумски бандажи, кои се усогласени со истакнатите лакови над тркалата и ја истакнуваат спортската димензија на овој кросовер.

kupe krosover mece1

Зголеменото растојание од земја му дава неопходен карактер и употребливост на „SUV“ возило.

Предниот дел на концептот е дизајниран во препознатливиот стил на „Mercedes“, додека стоп светлата потсетуваат на оние од „S сlasѕ“ купе.

kupe krosover mece2

Под хаубата се наоѓа 3.0-литарски V6 би-турбо бензинец со 333 ks, кои му се на располагање при 5.500 o/min, додека максималниот вртежен момент од 480 Nm е достапен во опсег помеѓу 1.400 и 4.000 вртежи.

Снагата се пренесува на сите четири тркала по пат на „4Matic“ системот и „9G-TRONIC PLUS“ деветбрзинскиот автоматски менувач. Возачот на располагање има променливи динамички контроли со четири различни видови на подесување на менувачот.

kupe krosover mece3

Иако засега станува збор само за дизајнерска студија, не треба да се сомнева дека „Mercedes“ веќе работи и на сериската верзија на овој автомобил, затоа што некои од најновите модели на компанијата, како што се „CLA“, „GLA“ или „S сlasѕ“ купе, не се разликуваа премногу од своите концептни верзии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП