29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот концепт на BMW за идната Series 7 (фото)

Новиот концепт на BMW за идната Series 7 (фото)

bmw series 7 koncept

Баварскиот производител на автомобили „BMW“ во Пекинг ја претстави новата визија за идните луксузни лимузини од „Series 7“.

Менаџерите од „BMW“ во главниот град на Кина ја искористија можноста да ги прекинат сите нагодувања околу тоа дали компанијата ќе воведе и „Series 9“ во својот каталог, како најлуксузен модел.

bmw series 7 koncept1

Концептот на „Series 7“ потсетува на минатогодишниот концепт на „Pininfarinа“, „Gran Lusso V12 Coupe“. Сепак, за решението кое овојпат го понуди „BMW“ може да се каже дека има значително поелегантен заден дел, додека на предната страна доминира масивната маска на ладилникот, покрај која одвај останува простор за предните светла.

Внатрешноста на автомобилот е целосно нов и целиот е обложен со висококвалитетна кожа, дрво и карбонски влакна. „BMW“ традиционално како автомобил e вообичаено надреден кон возачот, но кога ќе ги погледнете овие фотографии и ќе видите како изгледа патничкиот простор, ќе мора сепак да размислите дали повеќе би сакале да го возите или да ве возат во една ваква луксузна лимузина.

bmw series 7 koncept2

Концептот е замислен да го премине и највисокото ниво на луксуз на кој се навикнати патниците на прекуокеанските летови. Тој нуди доволно комфорен простор за двајца патника на задната клупа, два одвоени таблет компјутери, масичка која се склопува и седишта кои го опфаќаат целото тело.

Возачот добива едноставно дизајнирана конзола со три дисплеи, со подигнат централен дел на кој се наоѓа контролниот центар на новиот „iDrive“ систем.

bmw series 7 koncept3

Новата генерација на „head-up“ технологијата ќе проектра податоци за возилото директно на делот на шофершајбната, точно во линијата на погледот на возачот.

Ласерските фарови на самиот пат ќе проектираат светлосен сноп кој е 10 пати поинтензивен од актуелните „LED“ светла, додека задните светла ќе биде употребена „OLED“ технологија.

bmw series 7 koncept4

Шефот за дизајн во „BMW“,Карим Хабиб, изјави дека овој концепт заедно со сите детали, прецизноста и иновативните технологии, претставува логичен чекор напред во човековото доживување на луксузот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП