2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen во Пекинг ќе претстави нова купе-лимузина

Volkswagen во Пекинг ќе претстави нова купе-лимузина

vw konceot

На саемот за автомобили кој започнува утре во главниот кинески град, германскиот производител ќе прикаже концепт на купе-лимузина која ќе биде пократка од моделот „Jetta“, но поширока од „Passat“.

Тоа значи дека евентуалниот продукциски модел, заснован на концептот, во гамата на „VW“ возилата ќе биде позициониран под актуелниот „Volkswagen CC“.

vw konceot1

За обликување на концептот бил задолжен шефот на дизајн во „Volkswagen“, Клаус Бишоф, а првите цртежи го откриваат спортскиот преден дел со големи отвори за воздух на браниците и нешто поконзервативен изглед на задниот дел на автомобилот.

Концептот е поставен на 20-инчни алуминиумски бандажи на кои се монтирани нископрофилни гуми со димензии 245/40.

vw konceot2

Автомобилот има скратен препуст пред предната осовина, додека делот на возилот кој се наоѓа на задните тркала е продолжен, за патниците да имаат доволно простор за багажот.

„Volkswagen“ не соопшти повеќе технички детали пред премиерата, освен дека за погонот ќе биде задолжен 2.0-литарски „TSI“ мотор со 220 ks (162 kW) со чија помош овој концепт ќе забрзува од 0 дo 100 km/h зa 6,5 секунди. Максималната брзина на автомобилот изнесува 245 km/h.

vw konceot3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП