23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува Golf R со 400 ks

Пристигнува Golf R со 400 ks

volkswagen_golf_r_400

„Volkswagen“ на саемот за автомобили во Пекинг ќе го претстави концептот „Golf R 400“ кој под хаубата ќе има мотор со дури 400 ks.

„Volkswagen“ сакаше да ги импресионира фановите на својот најпопларен модел така што ќе го конструира „Golf R“ кој во однос на 300 ks со колку располага стандардната верзија на овој модел, ќе има дополнителни 100 „коња“.

Не е соопштено кој е точниот вид на мотор кој е употребен во овој концепт, но познато е дека класичниот „Golf R“ зa погон користи четирицилиндарски 2.0-литарски турбо-бензинец.

Покрај значително поголемата моќ на погонската единица, зголемен е и максималниот вртежен момент и тоа за 70 Nm, па така овој автомобил сега може да развие 450 Nm.

Овие подобрувања доведоа до подобрени перформанси. „Golf R 400“ oд 0 дo 100 km/h забрзува за 3,9 секунди, што е за цела секунда подобро време во споредба со серискиот модел.

Максималната брзина изнесува 282 km/h, a во соопштението се наведува дека таа е електронски ограничена како кај стандардниот „Golf R“. Моќта како и кај сериската верзија се пренесува на сите четири тркала.

Фотографии и повеќе детали за овој автомобил ќе бидат достапни по неговата премиера во Пекинг, а на прикажаните цртежи може да се забележи дека „Golf R 400“ има малку поразличен изглед на предниот дел и редизајниран браник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП