8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрај на шпекулациите, Гундoган останува во Дортмунд

Крај на шпекулациите, Гундoган останува во Дортмунд

Ilkay-Gundogan222

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Илкај Гундоган, кој честопати беше дел од шпекулациите за евентуална преселба во Шпанија или Англија, го продолжи договорот со клубот за една година до 2016-та година.

Клубот го објави договорот со германскиот репрезентативец, кој не игра од август поради повреда на грбот, во вторникот вечерта пред натпреварот за Купот со Волфсбург.

„Благодарен сум на клубот, што ми даде шанса да останам дел од овој специјален тим и од целата оваа атмосфера“, изјави Гундоган, за кого се сметаше дека има интерес од Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

„Ќе направам се што е можно да им помогнам на соиграчите што е можно порано и следните недели ги очекувам со многу оптимизам“, додаде 23-годишниот плејмејкер, кој пред една година му помогна на тимот да стигне до финалето во Лигата на Шампионите.

За жал тој, сепак, ќе го пропушти светското првенство поради долготрајната повреда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП