17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед го договори Шо!?

Јунајтед го договори Шо!?

luk so

Манчестер Јунајтед е сосема блиску до потпис со младиот англиски репрезентативец Лук Шо.

Според информации на „Дејли мејл“, менаџерот Дејвид Мојс и раководството на Саутемптон се договориле за трансфер во вредност од 30 милиони фунти, а договорот ќе биде официјализиран на крајот на оваа сезона.

Дејвид Мојс и раководството на Јунајтед понудија огромната сума, откако во битката за потписот на младиот лев бек се вклучија тимовите на Челзи и Ливерпул. Шо дури бил дел од младинскиот центар на „сините“, кога тој бил на само 8-годишна возраст, а од тој момент наваму скаутите на клубот постојано го следеле неговиот развој.

Според гласините во британските медиуми, следниот фудбалер во листата на Мојс е Вилијам Карваљо од Спортинг Лисабон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП