27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонако тргнува во „лов“ на Симеоне и Коста

Монако тргнува во „лов“ на Симеоне и Коста

diego-simeone-diego-costa111

Монако ќе се обиде да земе тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и голгетерот на тимот Диего Коста, соопштува „France Football“.

Авторитетното списание откри дека двајцата ќе се приоритет за летната селекција на „кнезовите“. Аргентинскиот стратег прави вистинско чудо со „јорганџиите“, откако го презеде тимот во 2012-та, освојувајќи ја Лига Европа и Суперкупот на Европа во првата сезона, а во минатата триумфираше Купот на Шпанија. Сега, пак, тимот е во полуфиналето во Лигата на Шампионите и е лидер во Примера дивизион.

Досегашниот тренер на Монако, Клаудио Раниери речиси сигурно ќе биде ослободен на крајот на сезоната, бидејќи раководството смета дека Италијанецот нема капацитет да го изведе тимот меѓу водечките на Стариот континент.

Што се однесува до Диего Коста, Монако треба да извади 38 милиони евра за да го има во својот состав. Откупната клаузула на 25-годишниот напаѓач и не претставува толку голем проблем за сопственикот на клубот. Голем плус за Монако во случајот е дека агент на Коста е Жорже Мендеш, кој ги реализира речиси сите поголеми трансфери на клубот во минатата година и има големо влијание на стадионот „Луј II“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП