3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОKлоп го менува Мартино на клупата на Барса!?

Kлоп го менува Мартино на клупата на Барса!?

Jurgen-Klopp-ma

Според шпанскиот весник „AS“ тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, е со најголеми шанси да го смени Херардо Мартино на чело на Барселона. Постои голема веројатност Тата со сигурност да го напушти каталонскиот клуб на крајот на сезоната, бидејќи не успеа да ги убеди дека заслужува да го води клубот. Аргентинецот ќе се раздели со „каталонците“ дури и да ја освои титулата и Купот на Шпанија. Тренерот има договор за уште една сезона, но тој најверојатно ќе биде раскинат спогодбено.

Меѓу потенцијалните кандидати за негови заменици е Клоп кој го преобрази Дортмунд по доаѓањето во клубот пред шест години. Со ограничени ресурси Борусија стана една од најдобрите екипи во Европа, освојувајќи две титули во Бундеслигата и достигнувајќи до финале во Лигата на Шампионите.

Ако сепак работите со Клоп не излезат како што посакуваат, тогаш во Барселона имаат уште една „германска“ можност. Тоа е селекторот на Бундестимот, Јоаким Лев. Од „AS“ сугерираат дека тој ќе ја напушти репрезентацијата на крајот на Мундијалот ова лето, иако веќе потпиша договор за уште еден квалификациски циклус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП