5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродаваат таблет со големина на огромен телевизор (видео)

Продаваат таблет со големина на огромен телевизор (видео)

tablet masa

Во случај да имате потреба од уште еден екран во дневната соба, американската компанија „Ideum“ продава масичка со оперативен систем „Android“, која му овозможува на сопственикот да игра игри на 46-инчен „touchscreen“.

Цената на масичката за кафе „Platform Multitouch“ започнува од 6.950 долари. Таа доаѓа со оперативните системи „Windows 7“, „Windows 8“ или „Android 4.4 KitKat“, што овозможува пристап до сите апликации за „Windows“ и „Android“.

Масичката исто така доаѓа со 32-инчна или 46-инчна површина на екран. И двата модели се направени така што да ги имаат сите карактеристики на масичка која се употребува во дневната соба, а се отпорни на сите видови течности.

Компанијата „Ideum“ е позната по тоа што нуди уреди со големи екрани за компании, но овој производ е наменет и за обичните корисници.

Луѓето во САД и Канада, кои не можат да си дозволат да платат скоро 7.000 долари за масичката за кафе, би можеле да ја земат под наем.

Погледнете го промотивното видео на новиот производ:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП