27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико Мадрид во Чичарито гледа наследник на Коста

Атлетико Мадрид во Чичарито гледа наследник на Коста

cicarito2-atletiko

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез со голема веројатност може да биде еден од фудбалерите кои ќе си заминат од „Олд Трафорд“ во текот на летото.

Според англиското издание „Метро“ мексиканскиот репрезентативец во следната сезона може да го облече дресот на шпанскиот Атлетико Мадрид.

Чичарито не е стартер под водство на Дејвид Мојс, а во стартната постава од почетокот на сезоната има настапено на само 11 натпревари во сите натпреварувања.

На тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, сепак многу му се допаѓа Мексиканецот и е подготвен да му даде шанса во неговиот тим. Се смета дека токму мадриѓаните се фаворити за потписот на 25-годишниот фудбалер.

Во летниот преоден рок постои голема можност Диего Коста да го напушти „Висенте Калдерон“, бидејќи тимот може да добие доста добра сума од неговата продажба, со оглед на големата заинтересираност на европските гиганти за неговите услуги. А пак токму Хернандез е фаворит да го замени во редовите на тимот од Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП