7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија си го врати Сахин

Борусија си го врати Сахин

nuri sahin

Борусија Дортмунд конечно ги откупи правата за играчот Нури Сахин, кој досега настапуваше на „Сигнал Идуна Парк“ како позајмен од Реал Мадрид.

Според германските медиуми, раководството на „милионерите“ се договорило со „кралскиот клуб“ да го откупат 25 годишниот играч од средниот ред за сума од 7 милиони евра.

Шефот на „жолто-црните“ Ханс-Јоаким Ватцке ја потврди веста, но без да дава детали за времетраењето на новиот договор на Сахин.

Сахин беше продаден од Дортмунд на „кралевите“ во текот на летото на 2011-та година за 10 милиони евра, но тој не успеа да се наметне во шпанскиот гигант поради серијата повреди, а потоа некое време играше под наем и во Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП