4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот ги доби „кралевите“, Челзи ќе се сретне со Атлетико

Шампионот ги доби „кралевите“, Челзи ќе се сретне со Атлетико

Real+Madrid+CF+v+Bayern+Muenchen+UEFA+Champions+R4gjEzMbChql

Патот на Реал Мадрид до десеттата титула во Лигата на Шампионите минува низ Минхен. Токму тоа денеска беше одлучено на ждрепката за полуфиналето од Лигата на шампионите која се одржа во Нион.

Во другото полуфинале пак Атлетико Мадрид ќе ги одмери силите со Челзи кои им стојат на патот кон првата титула во најелитното клупско натпреварува, но и обидот на Жозе Мурињо да дојде до трофејот до три различни екипи.

Полуфинални парови во Лигата на Шампионите:

Реал Мадрид – Баерн Минхен

Челзи – Атлетико Мадрид

Реал е домаќин на првото полуфинале, додека Атлетико го пречекува Челзи. Тука се очекуваше промена на домаќините, бидејќи двата натпревари треба да се одиграат во два последователни дена во еден град, но на крајот тоа не се случи.

Првите натпревари се закажани за 22-ри и 23-ти април, а една недела подоцна ќе се игра реваншот.

Полуфинални парови во Лига Европа: 

Бенфика – Јувентус

Валенсија – Севиља

Како што е познато, финалето оваа година ќе се одржи во португалската престолнина Лисабон на 24-ти мај. Домаќин на оваа средба ќе биде победникот од двојката Реал – Баерн.

Инаку пред извлекувањето на паровите од полуфиналето во Лигата на шампионите, се одржи и ждрепката за истата фаза во Лига Европа. Таму екипата на Јувентус за противник ја доби Бенфика, додека во вториот пар имаме шпанска пресметка во која силите ќе ги одмарат Валенсија и Севиља.

Првите средби се на програмата на 24-ти април, а на први мај ќе се одиграат реванш средбите. Победниците од овие пресметки на 14-ти мај во Торино ќе се борат за трофејот од Лига Европа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП