6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа еден ден распродадени 100.000 билети за пријателската меѓу Реал и Јунајтед

За еден ден распродадени 100.000 билети за пријателската меѓу Реал и Јунајтед

rm man utd

За еден ден беа продадени билетите за натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, кој ќе се одржи на 2-ри август на „Мичиген Стадион“.

Тоа значи дека се  распродадени седишта повеќе од 100.000, а натпреварот ќе се одигра на стадионот на Универзитетот Мичиген, на кој главно се одигруваат натпревари за американски фудбал.

Натпреварот помеѓу двата европски гиганти е дел од пријателскиот турнир „Интернешнл куп“, но всушност средбата е закажана и поради договорот на Јунајтед за спонзорство со детроитската автомобилска компанија „Шевролет“. Според овој договор, „црвените ѓаволи“ во својата каса ќе инкасираат 559 милиони долари за 7 години.

Турнејата на Јунајтед во Северна Америка ги вклучува и натпреварите со Рома на стадионот „Ауторити Филд“ во Денвер на 26-ти јули, како и на 29-ти јули со Интер на стадионот „Федекс Филд“ во Мериленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП