9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл потпиша нов договор со Адидас во вредност од 20 милиони фунти

Бејл потпиша нов договор со Адидас во вредност од 20 милиони фунти

gareth-bale-adidas

Најскапиот фудбалер во светот Герет Бејл потпиша шестгодишен договор со германската компанија за спортска опрема „Адидас“.

За овој договор, Велшанецот ќе добие 20 милиони фунти за учество во рекламните кампањи на фирмата.

Тој исто така е должен да игра со обувките на „Адидас“ и да не се појавува на јавни места со облека на друга спортска марка.

Потсетуваме, Бејл соработува со германската компанија за спортска стока уште откога наполни 16 години. Во Саутемптон, каде го потпишува првиот професионален договор, Тотенхем и Реал Мадрид, 24-годишниот фудбалер игра во опремата на „Адидас“.

Нормално со пристигнувањето во редовите на Реал Мадрид, Бејл стана магнет за спонзорите, а тоа го покажува и договорот со „Адидас“ кој е со многу подобри услови за разлика од тој што го имаше додека настапуваше за Тотенхем.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП