1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБешикташ го сака Ето

Бешикташ го сака Ето

Etoo0

Искусниот Камерунец со Челзи потпиша едногодишен договор, но со оглед на неговите одлични партии се говори и за можно продолжување на соработката, а особено поради проблемите во напаѓачката линија со која се мачи Жозе Мурињо.

Како најдобар стрелец во екипата, Самуел Ето води со 12 постигнати погодоци во оваа сезона.

Мурињо веќе најави дека во текот на летото ќе ја засили напаѓачката линија, сепак Самуел Ето најверојатно нема да биде во екипата и во следната сезона.

Камерунецот имено веќе започнал преговори со турски Бешикташ, екипа која на Ето веќе му ја презентираше прелиминарната понуда. Англиските медиуми истакнуваат дека Ето ги известил челниците на сегашниот клуб за интересот на турската екипа, но и дека најверојатно ќе ја прифати нивната понуда.

Покрај од финансиска гледна точка, фактот дека турскиот тим му понудил и двегодишен договор може да биде од пресудно значење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП