3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико е новиот Шампион на Европа!?

Атлетико е новиот Шампион на Европа!?

Spain Soccer La Liga

Доколку ја погледнеме историјата од 2008-та година ќе дознеме дека традиционално екипите кои ја елиминирале Барселона во „нок-аут“ фазата во Лигата на шампионите го освојувале овој трофеј.

Атлетико Мадрид ја совлада Барса во четвртфиналето од Лигата на шампионите и на тој начин апсолутно заслужено се најде меѓу најдобрите четири клуба на Стариот континент.

Тоа што би требало да ги радува навивачите на Атлетико, покрај одличната игра на нивните фудбалери, е и фактот дека секоја екипа која ја елиминирала Барса на крајот стигнала до трофејот кој е наменет за најдобриот тим во Европа.

Да се потсетиме, минатата година Баерн ја исфрли Барса со вкупен резултат од 7:0 во двомечот, а подоцна дојде до трофејот.

Пред две години, пехарот го освои Челзи совладувајќи ги „каталонците“ во полуфиналето со вкупен резултат 3:2.

Во 2011-та година, Барселона се искачи на врвот на Европа, а во 2010-та година Интер славеше во финалето, но претходно ја елиминираше Барса со 3:2.

Во 2009-та година Барселона ја освои титулата, додека во 2008-та Пол Сколс со фантастичен погодок ја исфрли Барса од натамошното натпреварување, а „црвените ѓаволи“ во финалето на пенали триумфираа над Челзи.

Ќе продолжи ли традицијата и оваа година?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП