3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКасиљас и натаму го посакуваат во Арсенал

Касиљас и натаму го посакуваат во Арсенал

casillas-448305

Голманот на Реал Мадрид Икер Касиљас е трансфер цел на Арсенал, тврдат англиски медиуми. Ова го открил полудефанзивецот на лондонскиот клуб, Санти Касорла, кој најави дека уште минатото лето е имале можност Касиљас да пристигне на „Емирати“.

„Му реков да ја напушти Шпанија и стане голман на Арсенал“, изјави Касорла.

32-годишниот Касиљас се натпреварува со Диего Лопез за стартното место на голот на Реал Мадрид. Оваа сезона Икер Касиљас добива повеќе шанса во Лигата на шампионите и Купот на Шпанија, додека Лопез го брани „кралскиот“ гол во натпреварите од шпанското првенство.

Договорот на Касиљас со Реал истекува во 2017-та година, а уште пред месец голманот изјави дека планира да игра до 40 години и дека сака да ја заврши кариерата во дресот на тимот од „Сантијаго Бренабеу“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП