27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНе е научна фантастика - доаѓаат „проѕирни“ автомобили (видео)

Не е научна фантастика – доаѓаат „проѕирни“ автомобили (видео)

proziren avtomobil

„Land Rover“ претстави систем кој му овозможува на возачот со помош на камера инсталирана под маската на ладилникот практично да го види патот пред себе преку хаубата.

Идеата, која е превземена од „SF“ филмовите, е реализирана на концептот „Discovery Vision“ чија премиера е закажана за претстојниот авто-саем во Њујорк.

Според зборовите на луѓето од компанијата „Land Rover“, системот му овозможува на возачот да ги види деталите под и пред возилото, кои инаку ги сокрива хаубата, односно предниот дел на автомобилот. Како што е прикажано на промотивното видео, ова е особено корисно при теренско возење, на нагорнини кои се под голем наклон.

Системот ја користи технологијата на „head-up“ дисплеј и камери кои се поставени така што го снимаат теренот под и пред предниот дел на автомобилот.

Сликата во реално време се проектира на внатрешноста на шофершајбната со што се создава илузија дека предниот дел од возилото е проѕирен.

Од „Land Rover“ сметаат дека оваа технологија во иднина би можела да најде примена и во производните модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП