12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes подготвува ривал на BMW X6

Mercedes подготвува ривал на BMW X6

mlc mercedes

Шефот на „Mercedes“, Дитер Цече, откри дека на годишниот состанок на акционерите на „Daimler“ им откри како ќе изгледа концептот на идниот модел со кој овој производител на пазарот ќе му се спротивстави на најголемиот ривал, „BMW“.

„Mercedes“ вложува голем труд со цел да стане најпродаваниот премиум производител на автомобили на светот. Ако сака зад себе да ги остави „BMW“ и „Audi“, покрај растот на продажбата на актуелните модели, тие ќе мораат на пазарот да понудат и некои нови видови на возила, како на пример купе-кросовер.

Концептната верзија на идниот модел од овој сегмент, наречен „Concept Coupe SUV“, ќе има премиера на саемот во Пекинг кон крајот на април. Врз основа на првата фотографија се забележува дека основните стилски елементи се превземени од моделот „Mercedes GLA“ и „CLA“.

„Сметаме дека големиот потенцијал за раст на продажбата на возилата на „Mecedes“ се наоѓа токму во сегментот кој претставуа комбинација на „SUV“ и купе автомобил“, рече Извршниот директорот на компанијата, Дитер Цече.

Цече не откри повеќе детали, но се претпоставува дека, како што беше случај и со некои други нови модели на „Mercedes“, од возилото „Concept Coupe SUV“ со мали промени многу бргу ќе произлезе и продукциска верзија.

Новиот модел би требло да ја дели платформата со „Mercedes ML“, a се шпекулира дека сериската верзија ќе ја има ознаката „MLC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП