28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Сосиедад најави реконструкција на „Аноета“

Реал Сосиедад најави реконструкција на „Аноета“

anoeta

Реал Сосиедад ќе инвестира 48,8 милиони евра во реконструкцијата на стадионот „Аноета“. Поправките на објектот ќе се вршат во четири чекори што ќе им овозможи на стадионот да се одржуваат натпревари и тој да не биде затворен.

Од раководството на Реал Сосиедад открија дека првите активности ќе започнат во текот на летото на 2015-та година. Ова ќе биде првата и најголема фаза од реконструкцијата.

Една од целите е да се зголеми капацитетот на стадионот. За време на поправките стадионот треба да располага со капацитет од минимум 28 илјади гледачи.

Првата фаза од реконструкцијата ќе трае 10 месеци.

Локалната баскиска влада ќе учествува во поправките, а општината ќе вложи 10 милиони евра. Освен тоа уште 10 милиони евра ќе бидат инвестирани и од локалната банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП