3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТимот од Дортмунд потврди, Рамос е нов играч на Борусија

Тимот од Дортмунд потврди, Рамос е нов играч на Борусија

ramos dortmund

Гласините дека Адријан Рамос ќе го напушти тимот на Херта Берлин и ќе премине во Борусија Дортмунд се покажаа вистинити. Денес од германскиот клуб официјално потврдија дека Рамос станува нивен играч во летниот преоден рок.

„Од 1-ви јули 2014-та Рамос ќе биде играч на Борусија Дортмунд“, соопштија од клубот користејќи го својот профил на социјалната мрежа „Twitter“.

Адријан Рамос е централен напаѓач. Тој има 28 години и колумбиски репрезентативец. На „Сигнал Идуна Парк“ Рамос ќе има тешка задача да го замени Роберт Левандовски кој од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен.

Инаку за потсетување, Рамос во 2009-та година пристигна во Берлин, каде што во 150 настапив во дресот на Херта постигна 57 погодоци, а пак за репрезентацијата на Колумбија има настапено 22 пати и два пати се запишал во листата на стрелци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП