3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Светците“ имаат 450.000 „мотиви“ за пласман во полуфиналето

„Светците“ имаат 450.000 „мотиви“ за пласман во полуфиналето

psg

Арапските сопственици на ПСЖ се подготвени на се, само да го видат својот тим во полуфиналето од Лигата на Шампионите. „Ле Паризиен“ открива дека шефовите на клубот им ветиле дополнителни бонуси на играчите за подобри перформанси.

Така на пример, сите играчи на ПСЖ ќе добие по 450.000 евра во случај тимот да се пласира во полуфиналето од најелитното фудбалско натпреварување во Европа.

За титулата во Франција се ветени по уште 400.000 евра, а за Купот во земјата – „скромни“ 50.000 евра.

Ако пак „светците“ успеат да го освојат трофејот во Лигата на Шампионите, тогаш секој играч ќе се збогати со округлата сума од 1 милион евра.

Екипата на ПСЖ за пласман во полуфиналето во ЛШ, вечерва на гостувањето против Челзи во Лондон ќе ја брани предноста од првиот меч, кога триумфираат пред своите симпатизери со 3:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП