2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид подготвува понуда за дуoто на Челзи

Реал Мадрид подготвува понуда за дуoто на Челзи

hazard-oscar

Раководството на Реал Мадрид е заинтересирано за двајца играчи од средниот ред на Челзи. Од „белите“ ќе подготват понуда до лондончани за Еден Азар и Оскар, информира „AS“.

Од Реал Мадрид имаат намера да испратат подобра понуда од ПСЖ. Францускиот шампион исто ќе атакува во текот на летото за дуото на Челзи.

Според информациите вкупниот износ за двајцата фудбалери изнесува 79 милиони евра.

Двајцата играчи сепак многу тешко ќе се најдат на трансфер листата, бидејќи менаџерот Жозе Мурињо нема лесно да се откаже од фудбалерите кои оваа сезона се едни од најстандардните во неговиот состав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП