5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрос се поблиску до „Олд Трафорд“

Крос се поблиску до „Олд Трафорд“

tonita krosa

Германскиот репрезентативец и фудбалер на Баерн, Тони Крос, го планирал својот трансфер во Манчестер Јунајтед во текот на летото, тврди „Мирор“. Засега, сепак нема таква потврда од 24-годишниот играч од средниот ред.

Британското издание очигледно сака да ги подигне тензиите во редовите на „баварците“ пред реваншот со „црвените ѓаволи“ од 1/4-финалето во Лигата на Шампионите. Првата средба на „Олд Трафорд“ заврши 1:1, а реваншот е закажан за утре од 20:45 часот.

Според информациите на весникот, Крос е искушуван, како од огромната плата која му ја ветуваат „црвените ѓаволи“, така и од можноста да биде постојан стартер, нешто што е тешко во Баерн во предвид на огромната конкуренција во тимот.

Преговорите меѓу Крос и Баерн за неговиот нов договор, пак се во застој, откако „баварците“ не сакаат да ги задоволат финансиските барања на фудбалерот, а Јунајтед може да му плаќа по 200.000 фунти неделно.

Понудата на Јунајтед кон Баерн ќе биде во вредност од 40 милиони фунти, иако клубот од Минхен веќе најави дека немаат намера да го продадат Крос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП