3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи и Атлетико подготвуваат голманска размена

Челзи и Атлетико подготвуваат голманска размена

kurtoa ceh

Голманот на Челзи, Петер Чех изненадувачки може да премине во Атлетико Мадрид. Тоа ќе се случи, ако Тибо Куртуа се врати на „Стемфорд Бриџ“, што е желба на Жозе Мурињо.

Белгискиот репрезентативец во моментов води преговори за обновување на договорот со „сините“ од Лондон. Според медимите од Островот, тој инсистира за двојно зголемување на платата, која во моментов е 30.000 фунти неделно. Сегашниот договор на Куртуа истекува во 2016-та година, но се очекува тој да потпише за уште 5 години.

Оваа опција му одговара и на Атлетико. На „Висенте Калдерон“ веќе беа информирани дека Челзи ќе се согласи да им го отстапи Куртуа и во следната сезона само во случај тој да го продолжи договорот. Ако договорот стане реалност, се ќе зависи од Мурињо. Португалецот треба да одлучи кого преферира за стартер меѓу стативите во следната сезона.

Доколку го избере Чех, Куртуа повторно ќе биде позајмен на Атлетико. Ако сепак Белгиецот добие гаранции за стартното место, Атлетико веднаш ќе упати понуда кон самиот Чех. Другата опција пред мадриѓаните е Хозе Реина кој моментално настапува како позајмен играч во Наполи, а е во сопственост на Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП