2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛим се откажува од Валенсија, го сака Милан!?

Лим се откажува од Валенсија, го сака Милан!?

Peter-Lim-333

Сингапурецот Питер Лим упатил понуда за купување на мнозинскиот удел во италијанскиот гигант Милан, тврди „AS“. Според изданието, 60-годишниот бизнисмен понудил 300 милиони евра за 51  проценти од акциите на италијанскиот фудбалски клуб.

Минатата недела сопственикот на „росонерите“, Силвио Берлускони, ја отвори вратата за странски инвестиции, но според зборовите на неговата ќерка Барбара, семејството е подготвено да се раздели со не повеќе од 30 проценти. Се појавија гласини дека „Газпром“ е заинтересиран да влезе во клубот, но подоцна руската компанија ги негираше овие информации.

Питер Лим веќе неколку години е поврзуван со инвестиции во водечки европски екипи. Од декември тој води преговори за купување на Валенсија, но според шпанските медиуми трансакцијата може да се смета за неуспешна поради „административни грешки“.

Според „AS“, Лим упатил предлог за Милан на лична средба со потпретседателот и извршен директор на клубот Адријано Галијани и двајца од најголемите агенти во фудбалот, Жорже Мендеш и Џовани Бранкини.

Во 2010-та година, Питер Лим, чие богатство сопоред „Форбс“ се проценува на 2,35 милијарди долари, се обиде да го купи Ливерпул, но не успеа во конкуренцијата предводена од Џон Хенри од „Fenway Sports Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП