3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо Mercedes и Audi објави рекорден месец

По Mercedes и Audi објави рекорден месец

audi mart

Германскиот производител на луксузни автомобили во март месец испорача 170.450 возила што е раст од 15,4 проценти во однос на истиот месец од 2013-та година, што претставува месечен рекорд за оваа марка.

На ниво на целиот прв квартал од 2014-та година, продажбата на „Audi“ порасна за 11.7 проценти или на 412.850 единици, што исто така претставува рекорд за производителот од Инглоштад.

Бројот на продадени возила на марката „Audi“ во првото тромесечие за 39.000 единици ја надмина продажбата на автомобилите на „Mercedes“, која во третиот месец од оваа година изнесуваше 158.523 примероци, со раст од 13 проценти.

Со овие бројки се покажува дека и натаму продолжува битката меѓу германските производители за тронот меѓу најлускузните автомобили, но останува да се види какви ќе бидат резлутатите на „BMW“, па конечно да се дознаат позициите за првиот квартал од 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП