5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle подготвува Android TV

Google подготвува Android TV

google tv android

Во „Google“ најверојатно наголемо се подготвуваат да ја освежат својата понуда за „TV“ услуга, т.е. на пазарот на претстават едноставна и подобра замена за својот прилично неуспешен „Google TV“. Како што објавија одредени медиуми, сега и официјално е потврдено тоа што претходно се предвидуваше, поточно новата услуга ќе се нарекува „Android TV“.

За разлика од „Google TV“, новиот сет-топ бокс ќе биде поедноставен за користење, а од компанијата ги признават некои од претходните грешки.

„„Android TV“ ќе биде основа за домашна забава, а не компјутерска платформа. Оваа услуга ќе биде фокусирана на лесно пронаоѓање и уживање на содржините, со што е можно помалку мака“, се вели од компанијата.

Очигледно е дека во „Google“ одлучиле да реагираат на најновите конкурентски потези, т.е. на своите корисници да им овозможат непречено уживање во содржини какви што ги нудат „Netflix“, „Roku“, „Apple TV“ и останатите.

Се уште не е познато кога оваа услуга би можела да се појави на пазарот, а од „Google“ моментално бараат програмери кои ќе изработат апликации за новата платформа. Ставот на компанијата е дека појавата на новата „TV“ услуга не би смеела да му наштети на нивниот популарен „streaming“ уред „Chromecast“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП