4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоловина Европа го следи новиот „Принц“ на Бундеслигата

Половина Европа го следи новиот „Принц“ на Бундеслигата

hakan calahanoglu

Голем број на водечки клубови од Стариот континент го свртеа своето внимание врз фудбалерот на еден од тимовите кои се пред испаѓање од Бундеслигата. Тоа е непознатиот за пошироката јавност Хакан Чалханоглу од Хамбургер.

Тој има само 20 години и има многу добра прва сезона во германската елита, а веќе е познат под прекарот „Принцот“. Според „Tuttosport“ сериозен интерес за него пројавуваат Јувентус и Рома.

Во исто време денешното издание на „Hamburger Morgenpost“ се истакнува дека само на последниот натпревар на Хамбургер против Баер Леверкузен (2:1) во петокот на трибините на „Имтех Арена“ биле скаути на Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи, Манчестер Јунајтед, како и на погоре споменатите претставници на Калчото од Торино и Рим.

Сите тие биле таму за да го видат настапот на Чалханоглу. Тој не ги остави долго време да чекаат да за го видат во вистинско светло,  затоа што блесна со гол уште во 4-тата минута.

Хакан е роден во Германија, но избра да го претставува националниот тим на Турција. Тој потекнува од школата на Карлсруе, а во сопственост на Хамбургер е од 2012-та година. На 6-ти септември 2013-та година тој дебитираше за сениорскиот тим на Турците во квалификацискиот дуел против Андора.

Од почетокот на сезоната во Бундеслигата, Чалханоглу настапи на 27 од натпреварите, а притоа реализираште 9 гола и асистираше за 3 други. Неговите напори сепак не се доволни, бидејќи Хамбургер е во опасната зона и евентуалното испаѓање би го олеснило трансферот во друг клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП