1 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати учесниците на Европското првенство во ракомет во Австрија

Познати учесниците на Европското првенство во ракомет во Австрија

Makedonij

Младинската ракометна репрезентација на Македонија со трите победи во групата 7 избори пласман на младинското Европско првенство што од 24 јули до 3 август ќе се одржи во Австрија, а познатисе и останатите учесници на овој настан.

Македонија е една од осумте првопласирани селекции што обезбеди учество.

Како победници на групите покрај Македонија се пласираа: Шпанија, Данска, Швајцарија, Франција, Словенија, Израел и Србија.

Од првите пет групи и вторпласираните ќе играат во Австрија, а тоа се селекциите на: Норвешка, Словачка, Унгарија, Белорусија и Естонија.

Директен пласман на шампионатот покрај домаќинот Австрија имаа изборено и двете најдобропласирани репрезентации Германија и Шведска од Европското првенство во 2012 година за играчи до 18 години.

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 24 април во Линц, Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар