5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛоран Блан останува тренер на ПСЖ

Лоран Блан останува тренер на ПСЖ

loran blan2

Лоран Блан ќе продолжи да ја води екипата на ПСЖ барем до летото 2016-та година. Веста беше потврдена лично од сопственикот на клубот Насер Ал – Хелаифи.

Ал – Хелаифи објави дека Блан треба да стави потпис на новиот договор со ПСЖ до крајот на следната недела.

Агентот на францускиот стратег, Пјер Берн, во моментов е во Париз и најверојатно ги прецизира последните детали за новиот договор на Блан со клубот.

Блан ќе го продолжи договорот до летото 2016-та година. Неговата плата пак ќе биде во износ од 6 милиони евра за 12 месеци.

Поранешниот селектор на „галските петли“ го презеде ПСЖ во минатото лето. Во моментов тимот е на пат да ја дуплира титулата, затоа што го зазема првото место со 76 поени од 31 натпревар, додека второпласираниот Монако заостанува 13 бода (63).

Инаку, тимот од градот на светлината е на добар пат да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите, а веќе во вторник ќе го одиграат реванш дуелот со Челзи и во Лондон патуваат со предност од 3:1 од првиот натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП