28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСопственикот на ПСЖ забрани продажба на Кавани!

Сопственикот на ПСЖ забрани продажба на Кавани!

kavani psg gazda

ПСЖ нема намера да ја продава својата рекордна инвестиција во минатата година, Единсон Кавани. Тоа го изјави лично сопственикот на клубот Насер Ал-Хелаифи.

Од неодамна зачестија информациите дека поранешниот ас на Наполи ќе ја напушти Франција, бидејќи Уругваецот до моментов останува во сенка на Златан Ибрахимовиќ. Поради монструозната форма на Швеѓанецот, Кавани е принуден да игра како крило, позиција која не му е многу по вкусот. Пред првиот натпревар против Челзи од 1/4-финалето на Лигата на Шампионите тој ги засили гласините за заминувањето, велејќи дека ќе ги разгледа опциите, ако ситуацијата не се промени.

ПСЖ ги надигра „сините“ од Лондон и триумфираше со 3:1 во средата, а на средбата повреда заработи Ибрахимовиќ поради која тој ќе отсуствува еден месец од терените. Па најверојатно Кавани ќе добие шанса да игра како централен напаѓач, но Ал-Хелаифи планира да го задржи дури и настаните да не беа еволуирале овој начин.

„Кавани е многу важен за нас, тој е професионалец и дава се од себе. Јас го ценам тоа. Ако тој сака да ја смени својата позиција, тоа не е негово решение. Тренерот решава и Кавани го разбира тоа“, вели сопственикот на ПСЖ.

„Тој е тука за да игра, каде што ќе го постави тренерот. Тој може да се дискутира за работи со тренерскиот штаб и клубот, но одлуката ќе биде наша. Тој е ѕвезда за овој тим и ќе остане тука“, изјави Ал – Хелаифи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП