28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЅвездата на Севиља пред трансфер во Реал Мадрид!?

Ѕвездата на Севиља пред трансфер во Реал Мадрид!?

ivan rakitic2

Тимот на Реал Мадрид има намера да и го „украде“ од пред носот на Севиља, Иван Ракитиќ. Таква информација денеска објави „As“, повикувајќи се на свои неименувани извори.

Се тврди дека токму интересот од страна на „кралевите“ ги парализирал преговорите меѓу Хрватот и Севиља за нов договор. Како што е познато сегашниот договор на Ракитиќ со Севиља истекува во јуни 2015-та година, а тоа му дава слобода да води преговори.

Запознаените со случајот откриваат дека тимот од „Сантијаго Бернабеу“ нема против да почека за Ракитиќ дури и една година, со оглед на фактот дека трансферот може да им излезе гратис.

Ракитиќ се приклучи на Севиља во јануари 2011-та година од Шалке. Тогаш Шпанците платија милион и половина за хрватскиот репрезентативец.

Инаку, цената на Хрватот варира помеѓу 15-20 милиони евра, а интерес за него веќе има од англиски и турски клубови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП