27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот на BMW Series 9 ќе се појави во Пекинг?

Концептот на BMW Series 9 ќе се појави во Пекинг?

bmw series devet

Додека „Mercedes-Benz“ во својата понуда има неколку модели кои се над „Ѕ сlasѕ“, „BMW“ всушност и натаму нема вистински одговор на тој дел од пазарот, освен ако не се смета новиот еколошки „i8“. Тоа значи дека, како „најлош“ „BMW“ модел се наметнува „Ѕеriеѕ 7“, која за жал неможе да се натпреварува со големите момци во светот на врвниот луксуз. Меѓутоа, тоа би можело да се промени, поради тоа што се појавија информации дека „BMW“ за саемот во Пекинг го подготвува концептот „Ѕerieѕ 9“.

Неодамна по потврдувањето за доаѓањето на лусузниот „SUV“, „BMW X7“, потенцијалната „Ѕeriеѕ 9“ во целост би ја исполнила понудата на германскиот гигант, а според информациите кои пристигнуваат од германските автомобилски магазини, концептот на новиот модел би можел да се појави веќе во Пекинг.

Употребата на непарниот број сугерира дека „Ѕeriеѕ 9“ ќе биде голем луксузен седан, веројатно за кинескиот пазар. Се очекува моделот најверојатно да биде базиран на лесната модуларна платформа која ќе се појави на идните „BMW“ и „Rolls-Royce“ автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП