ИНТЕРЕСНО

Јунајтед не се откажува, 40 милиони евра за Крос!

tonci kros2

Мојс го посакува Германецот кој има договор со Баерн до 2015-та година. Иако „баварците“ ќе се обидат да го задржат во своите редови, понудата на Јунајтед би можела да биде многу примамлива.

Тони Крос се двоуми, а од Баерн се подготвени да му понудат нов договор, но тој во Англија би можел да заработи многу повеќе пари.

Ситуацијата е сосема јасна, во овој момент Крос има плата од 4 милиони евра по сезона, а во Премиерлигата би можел да добие дури 8 милиони.

Веќе е познато дека понудата на Баерн ќе биде значително помала, па поради тоа германскиот репрезентативец е во дилема.

Менаџерот Мојс веќе го известил семејството Гејзер дека овој фудбалер е прв пик за ова лето, а „ѓаволите“ се надеваат дека со понуда од 40 милиони евра ќе го убедат раководството на „бавараците“.

Нормално, ако Крос одбие да го продолжи договорот, тешко дека клубот од Минхен ќе и се спротивстави на можноста да заработи.

Медиумите во Англија сметаат дека самиот фудбалер е се поблиску до одлуката да остане во Минхен.

„Баерн е дел од мене“, изјави Крос во вторникот пред англиските новинари.